На Нов Зеланд го забраниле фрлањето на мртви зајаци во далечина, игра за деца, по многубројните акции на здруженијата за заштита на животните. Еднаш годишно во градот Вајау на натпреварот се собираат 400 граѓани, но оваа година натпреварот бил откажан.
Организаторката Џо Мориарти рекла дека е политички погрешно да се забрани натпреварот и дека децата кои учествуваат во него всушност многу ги сакаат животните. Но спротивно од неа еден од активистите, Чарлс Кадваладер запрашал дали би ја фрлале сопствената баба на нејзиниот погреб заради забава.