Од денеска престанува да важи забраната за одржување на спортски натпревари, кои во следниов период ќе се играат без публиката, информираат од Владата.
Овој чекор беше важен бидејќи националните федерации ќе можат да почнат со планови за новите сезони а екипите со план и програма за подготовките.
Федерациите а подоцна и клубовите ќе добијат протоколи од Комисијата за заразни болести за безбедно организирање на тренинзите и натпреварите.
Екипен спорт во Македонија нема од средината на март месец.
OhridNews