Забрана за време на на мрестот на пастрмката што започна вчера и ќе трае до 21 март не е доволна, сметаат спортските риболовци кои бараат да се прогласи целосна забрана за риболов во наредните 8-10 години, период кој според нив е потребен за да се обнови рибниот фонд на пастрмката и белвицата.
Употребата на висечките мрежи во последните 15-на години беше кобна за загрозените ендемски видови риба, кои доколку посериозно не се заштитат потполно ќе исчезнат од Охридското Езеро, предупредуваат спортските риболовци.
Езерото сега е незаштитено, а рибокрадците ги ловат и најмалите примероци пастрмка и белвица кои во сезоната на слави се најбарана риба на нелегалниот пазар. Доколку продолжи ваквата негрижа последиците ќе бидат катастрофални велат екологистите кои денови писмено побараа од премиерот Груевски да преземе нешто за спас на рибниот фонд во Охридското Езеро
Но не се загрозени само пастрмката и Белвицата велат заштитарите.Сериозно се нападнати и мрестилиштата на крапот кој се помалку го има велат тие.
Екологистите и спортските риболовци упатија уште еден повик сериозно да се земат во предвид нивните предупредувања за состојбата со рибниорт фонд во Охридското Езеро. Ќе се промени ли нешто, или ќе биде тоа уште еден очајнички обид да се сврти вниманието на јавноста, ќе завидси мерките кои ќе се преземат. Една од нив е новиот закон за рибарство кој треба попрецизно да ги утврди начините на заштита и стопанисување со рибниот фонд, кој државата најави дека ќе биде донесен до мај 2007.