Претставниците на Британскиот сојуз на синдикати сметаат дека високите потпетици треба да се забранат на работните места поради здравствени и безбедносни причини. Тие сметаат дека максималната висина на потпетиците треба да биде 2,5 сантиметри со што би се избегнале болките во нозете и повредите.
Но една жена, претставник во Британскиот парламент смета дека потпетиците можат да им помогнат на жените на работните места. Рекла дека е висока само 165 сантиметри и дека секој сантиметар плус и е потребен за да може да комуницира со своите колеги.