Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево–г.п. Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар–Кичево преку планинскиот премин Стража во 07.30 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews