Според најновите информации од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.

 

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

OhridNews