Од 21.30.ч поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан.

Од 18.45ч поради врнежи од снег од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 15.25ч. поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви, известува АМСМ.

OhridNews