Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот.

Поради поголеми остатоци од снег на коловозот има забрана за движење на тешките товарни возила на планинските превои Стража и Маврово, соопшти АМСМ.

На возачите им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината на движење на отежнатите услови за сообраќај.

OhridNews