Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно по влажни коловози поради врнежите од дожд и снег. Забрана за тешки товарни возила има на Стража и Маврово.

Од АМСМ на возачите им препорачуваат внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата, се препорачува на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар.

OhridNews