Снегот кој од утрово интензивно паѓа во земјава, предизвика проблеми во сообраќајот кој се одвива отежнато.

Воведена е забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци: Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир,
Гостивар – Маврово -Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека, Ѓавато, Плетвар,
ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона, Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема).

Од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.

Г.М.