Поради врнежи од снег на сила се забрани за движење на тешки товарни возила на планинските премини Ѓавато (Битола-Ресен), Барбарос, Стража, Пресека и на патниот правец крак Маврово-Дебар, информира АМСМ.
Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар е нормализиран, каде е укината забраната.
Сообраќајот на државните патишта се одвива, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека.
OhridNews