Погребните поворки ова лето можат да бидат забранети во Мангали и во уште неколу туристички места во на брегот на Црно море во Романија, за туристите да не се растажуваат.
„Поминувањето на погребните поворки низ градот ги растажува жителите, а посебно туристите“ – велат од градското собрание на Мангали во одбрана на предлогот со кој ќе се забранат погребните поворки.
„Покрај тоа, погребните поворки го загрозуваат животот и безбедноста на луѓето поради проблемот со движењето и порастот на бројот на автомобили во летната сезона“ – додаваат локалните власти.
Во православните погребни поворки во Романија, кофчегот со мртовецот го пратат пешки или со автомобили околу стотина луѓе.