Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период и според Закон за шуми,  забрането е  палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор, потсетуваат од ЈУ Национален парк Галичица.

Во границите на паркот постојат две излетнички места, местото викано Корита и Јадера каде е уредено и дозволење палење на оган, односно подготвување скара. Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака ќе преземе мерки согласно законот.

  • Истовремено потсетуваме дека строго е забрането палење на стрништата, плевели и други одпадоци. Казната за ваква активност изнесува 6000-8000 евра за правни лица, а 1500 – 3000 евра за физичко лице, потенцираат од јавната установа.

Оттаму, на сите посетители им посакуваат пријатен престој во Националниот парк „Галичица”, со молба да не ги уништуваат природните вредности на паркот.

OhridNews