Македонските фанови нема да имаат можност да ја бодрат фудбалската репрезентација во Амстердам, објави холандската амбасада со претставништво во Скопје.

Забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната, – информираат од амбасадата.

Ваквата одлука на два дена од почетокот на ЕП може да се смета шокатн и несериозна, затоа што голем број на македонски фанови купија билети и организираа патување со сместување во Амстердам, каде Македонија на 21 јуни ќе ги одмери силите со Холандија.

OhridNews