Министерството за здравство соопшти дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки, односно за забрана за летови од и кон Велика Британија до крајот на годинава.

Дополнително за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија, како и за оние патниците кои од таа држава ќе стигнат во земјава по копнен пат, ќе важи мерката задолжителна 14-дневна самоизолација.

Комисијата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои превентивно на утринскиот состанок, по информациите дека нова мутација на коронавирусот се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.