Властите во австралискиот град Вориџи забраниле косење на тревните површини по масовната појава на заштитен вид жаби. Жабата со латинско име Литорија Ауреа е една од најголемите во Австралија и спаѓа во заштитените видови. Овие жаби иако се многу чувствителни понекогаш масовно се појавуваат.


Тоа е случај и оваа сезона кога жабите го преплавиле градскиот парк и многу залени површини низ градот во потрга по храна. Според локалните медиуми, од граѓаните се бара да ги косат тревниците во попладневните часови кога жабите се повлекуваат во своите живеалишта.