Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ.

Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, посочуваат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews