Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, освен на граничниот премин Ќафасан каде има елосна забрана за сите видови на возила. На планинскинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека има врнежи од снег со променлив интензитет и на овие патни правци има остатоци од кашест снег.

Укината забраната за движење на тешки товарни возила преку планинскиот премин Плетвар и на кракот Маврово – Дебар, а од 9.25 ч. утрово укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење поради дождот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

OhridNews