Од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што информираат од АМСМ забраната се воведува од превентивни причини.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова-Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот, посочуваат од АМСМ.
OhridNews
фото. Архива