Новите рестриктивни мерки, што на предлог на Комисијата за заразни боилести синоќа ги усвои Владата, опфаќаат и забрана за давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување на територијата на целата држава, за групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.

За успешно спроведување на мерките Владата препорачува засилени контроли и инспекциски надзори од страна на полициските службеници и надлежните инспекторати за почитување и спроведување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, во претстојниот период на новогодишни и верски прослави кои ќе започнат да се применуваат од 18 декември 2020 година до 20 јануари 2021 година. – соопшти владината прес служба.

Во наведениот период забрането ќе биде организирање и групно собирање во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, а се препорачува да нема ниту прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации низ земјата.

OhridNews