Европската фудбалска федерација (УЕФА) им забрани на „делиите“ да гостуваат во Лондон на дуелот помеѓу Тотенхем и Црвена Ѕвезда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Причината за забраната е расистичкото навивање во квалификацискиот натпревар со ХЈК Хелсинки во Финска одигран во јули месец. „Делиите“, тогаш биле пријавени а одлуката УЕФА ја донесе после низа испитувања и разгледување на видео снимки од натпреварот.

Покрај забраната за гостување на „делиите“, УЕФА изрече финансиска казна за српскиот првак кој е санкциониран со 50 000 евра.

Црвена Ѕвезда во првата рунда претрпе пораз од Баерн Минхен во Германија 3-0, а првиот меч на домашен терен во групната фаза ќе го одигра против грчки Олимпијакос.

OhridNews