Американката Џулија Карвера е среќен добитник на џекпот од 23 милиони долари, но за тоа не знаела дури пет месеци бидејќи заборавила да го провери лото ливчето кое го купила во мај. Карвера должела 600 долари за струја, кога ја добила пораката дека веќе пет месеци е милионерка.
На пресконференцијата која ја одржала заедно со своето семејство рекла дека низ куќата имало расфрлани околу 200 лото ливчиња. Рекла дека ретко ги проверувала истите. Со парите планира да ги згрижи своите деца и внуци, а од што била среќна за себе ќе си купела неколку пара Рибок чевли.