Вработените во еден ресторан во Сиднеј пронашле актовка со милион австралиски долари, а полицијата е во потрага по сопственикот. Полицискиот инспектор Ијан Прајд за медиумите изјавил дека човекот кој ги оставил парите бил стар околу 30 години, облечен во сурферски бермуди и поткошула.
Од полицијата не сакале да го соопштат точниот износ на парите во актовката, нагласувајќи дека се работи за значителна сума, додека една австралиска телевизиска станица јавила дека во актовката имало милион долари во апоени од по 50 долари. Вработените во пицеријата одбиле да го коментираат случајот, велејќи дека се премногу зафатени да даваат изјави.