Еден германец го пронашол две години подоцна автомобилот за кој не знаел каде го паркирал, бидејќи тогаш бил пијан, соопштила баварската полиција. По една пијана ноќ во декември 2010, сопственикот на автомобилот не можел никако да се сети каде го паркирал, па во полицијата во Минхен го пронашол исчезнувањето на возилото.

Како што пренеле медиумите, полицијата автомобилот го открила сосема случајно минатиот месец четири километри подалеку од местото на кое сопственикот, по професија столар, мислел дека го оставил. Во багажот на автомобилот имало алат вреден 40 илјади евра.