Среќникот кој ги погодил сите шест броеви во играта „Лотко“ на словенската лотарија, до рокот кој ситекол во четвртокот не ја подигнал својата добивка од 1,3 милони евра, па тој износ според правилата бил вратен во наградниот фонд, објавила денес Лотаријата на Словенија. Некој да не подигне толку висока добивка се случува прв пат, објасниле од лотаријата.
Не е јасно дали добитното ливче кое го уплатило непознато лице во една љубљанска пошта е изгубено или среќникот кој се претворил во несреќник воопшто не го погледнал после извлекувањето, па заборавил на целата работа, и покрај повеќекратните предупредувања на лотаријата во медиумите дека рокот за подигнување на добивката истекува.