Вчера во 14,15 часот во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локалниот неасфалтиран пат за селото Орман, 59-годишен жител на Охрид, го паркирал возилото „Хјундаи Аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него. Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што тој се обидел да влезе во него, но не успеал. Возилото продолжило да се движи прегазувајќи го.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.
OhridNews