Еден германски бизнисмен изгубил повеќе од 10.000 евра оставајќи ги во пластично ќесе во јавен тоалет, објавиле германските медиуми.
Полицијата во германската покраина Хесе рекла дека мажот парите ги понел со себе во тоалетот за автопатот во близина на Хигер во Западна Германија. Меѓутоа, продолжил понатаму, заборавајќи го ќесето.
Портпаролот на полицијата рекол дека е нејасно како германецет се сетил дека на парите после половина час, што секако било предоцна. Парите веќе ги немало во тоалетот.