Во возот на градската железница во Минхен еден 45-годишен професионален музичар во петокот ја заборавил својата виолина вредна милион долари, соопштиле градските власти. Според медиумите, музичарот се враќал од азиската турнеја, па на пат од аеродромот и преместувајќи се од еден на друг воз, го заборавил драгоцениот инструмент направен во Италија 1748 година.


Името на музичарот не се наведува, но се соопштило дека членот на гудачкиот квартет веднаш и јавил на менаџерката на оркестарот која ја алармирала германската сојузна полиција.