Лековите би требало да ни помагаат да се излечиме и да се чувствуваме подобро, но неправилната консумација може да направи поголема штета отколку корист.
Истражување кое го направила компанијата Лојдс Фармаси покажало дека 46% од луѓето не знаат како правилно да ги земаат лековите кои ги користат. Ова се најчесите проблеми кои се појавуваат поради тоа.
Дробење на таблетите поради полесна консумација
Некои лекови се осмислени така да почнат да делуваат по некое време, па се замотани. Ако ја разбиете таа заштита, во организмот ќе стигне голема количина на лекот одеднаш, истакнува фармацевтот Санил Кошар.
Еден од примерите се лековите за крвен притисок кои имаат еднодневно делување, а на постарите луѓе често им е тешко да ги голтаат таблетите цели. Доколку се издробат, може да дојде до нагло намалување на крвниот притисок, што може да предизвика несвестица.
Ибупрофен пред вежбање.
Ако земете било кој лек пред вежбање, за полесно да го издржите тренингот, во опасност сте бидејќи можеби нема да препознаете дека сте се повредиле. Истражувањето покажува дека ибупрофенот пред напорниот тренинг, како трчање или возење велосипед, предизвикува оштетување на слузницата на желудникот. Иако оваа појава ќе трае неколку часа, за тоа време може да настане поголема штета, како труење со храна, бидејќи бактеријата може да дојде во крвотокот поради оштетената слузница. Лекари додаваат и дека може да дојде и до несвестица.Исто така некои антибиотици можат да ги ослабат тетитвите. Ако кревате тегови, полесно може да ги оштетите.
Кремови
Иако се чини дека се безопасни, кремите за лечење на некои состојби можат и предизвикаат голема штета. Се работи за кремови кои содржат метил-салицилатат, посебно ако се мешаат со други видови лекови против болки.
Исто така редовното користење кремови со стероиди, како оние за егзема, на крај можат да доведат до истенчување и пукање на кожата. Кремовите кои имаат естроген и прогестерон поради честата употреба може да достигнат високо ниво во организмот и да доживеете болка во градите.
Луѓето често нанесуваат повеќе крем отколку препишаното бидејќи мислат дека побрзо ќе се излечат, а на крај тоа може да биде кобно.
Лекови против болки за време на настинка
Некои истражувања покажуваат дека лековите против болка во овој случај можат да го продолжат траењето на настинката. Професорот Пол Литл во тој случај препорачува парацетамол бидејќи ќе ја намали температурата и подобро ќе се чувствувате. Американски научници велат дека и тука треба да бидете внимателни бидејќи температурата значи дека телото се бори против воспаленијата и вирусите, а со намалувањето тоа нема да се случи, туку ќе се пролонгира.
Парацетамол
И со парацетамолот треба да се биде внимателен, бидејќи често луѓето се примаат во болница поради предозирање, а зеле само две или три таблети повеќе од препорачаното.Луѓето мислат дека парацетамолот е безопасен, но може да ве убие ако претерате, бидејќи се насобира во црниот дроб, вели фармацевтот Нитин Макадиа.
извор : tportal.hr