На математичкиот квиз, што деновиве го организираше училиштето „Јахја Кемал“ во Струга“, на кој учество зедоа ученици од деветто одделение од повеќе училишта од Охрид и Струга, основците од „Христо Узунов“ под менторство на наставничка Кристина Крстеска Николоски, се закитија со сребрен и бронзен медал. Учениците: Борче Исакоски, Евгенија Илијевска и Ивона Тасеска освоија сребрен медал, додека учениците Горазд Блажески,Тамара Стојаноска и Кристина Трајческа освоија бронзен медал.

Учениците од 5-2 одделение од ОУ ,,Кочо Рацин“, пак, постигнаа одличен успех на тринаесеттото издание на Меѓународна детската ликовна изложба „ФЛОРА И ФАУНА – ИЗВОР НА ЖИВОТОТ И УБАВИНАТА“, што се одржа во Скопје. Ученикот Петар Илоски освои прво место, а учениците Анастасија Секулоска и Александар Јолевски освоија второ место.

Наградените ученици се натпреваруваа под менторство на одделенскиот наставник Љубица Чифлигароска. На колонијата учествуваа млади ликовни таленти од десет држави од Европа.

OhridNews