Ученикот Георги Ставрески од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, под менторство на Весна Цветкоска, на државниот натпревар по биологија што се оддржа изминатиот викенд на Природно математичкиот факултет во Скопје го освои второто место, во конкуренција од 41 учесник од втора година.
Во истата конкуренција, ученичката Емилија Ракичевиќ од СОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на професорката Славица Кичеец, освои пофалница.
Во конкуренција на средношколците, само уште ученикот во III година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ Васко Ѓорѓиевски под менторство на Екатерина Бојческа освои пофалница.
Охридските основци беа поуспешни на државниот натпревар по Биологија. Во конкуренција на ученици од 6-то одделение Наталија Крстаноска, ученичка во ОУ „Христо Узунов“ под менторсво на Лиле Белева со 94 бода освои втора награда, Климент Кузманоски ученик во ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец под менторство на Елена Ел-Нади освои трета награда, додека Михаела Василеска ученичка во ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на Татјана Лошкоска и Димче Мешкоски ученик во ОУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, под менторство на Ристе Стојоски, освоија пофалници.
Кај седмооделенците, Викторија Лазевска, под менторство на Илинка Лекоска од ОУ „Св. Наум Охридски“ Охрид, го освои третото место, додека Марија Тасеска, под менторство на Елена Ел-Нади од ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец, Ангела Ѓурова под менторство на Милка Алачова од ОУ „Братство Единство“ Охрид и Јован Лазаревски под менторство на Владо Андрески од ОУ „Христо Узунов“ Охрид освоија пофалници.
На натпреварот во осмите одделенија охриѓанката Викторија Пановска (94) ученик во ОУ „Христо Узунов“ под менторство на Владо Андрески за само еден под заостана зад севкупниот победник, освојувајќи исто така прво место во својата конкуренција. Емилија Дуноска под менторство на Зора Ѓоршоска од ОУ „Григор Прличев“ Охрид освои трета награда, а Анамарија Момироска исто така ученик во ОУ „Григор Прличев“ под менторство на Зора Ѓоршоска освои пофалница.
Кај деветтоделенците Филип Николовски, под менторство на Валентина Петровска од ОУ „Григор Прличев“ освои прва награда со два бода помалку од најдобриот ученик на натпреварот, додека Димитар Митревски, под менторство на Илинка Лекоска од ОУ „Св. Наум Охридски“ освои трета награда.
Сите учесници (ученици и нивни ментори) на Вториот државен натпревар ќе добијат сертификати за учеството и сертификати за освоените награди или пофалници.
OhridNews