На Националниот фрлачки куп на Македонија кој се одржа на 27 февруари членовите од Атлетскиот клуб Охрид со забележителни резулати.

Стефан Стефаноски во дисциплината диск мажи, во категоријата сениори 2 кг, го освои првото место со резултат од 45,90 m, додека Блажо Љушев заврши на четвртото место со резултат од 20,23 m.

Стефаноски во дисциплината фрлање ѓуле во категоријата сениори 7,26 кг, го освои третото место со резултат од 9,79 m. додека Блажо Љушев заврши на петото место со резултат од 8,87 m.

Искра Маџоска, во дисциплината фрлање ѓуле во категоријата младинци 4кг, го освои второто место со резулатат од 6,0 m.

Во дисциплината фрлање копје, Стефаноски го освои петото, Љушев шестото, а Миле Јовановски седмото место со резултати 33,35 m, 30,43 m и 29,97 m.

OhridNews