Велосипедскиот клуб „Шампион Систем“ од Охрид , викендов учествуваше на две државни првенства за натпреварувачи до 13 години, остварувајќи забележителни резултати.

На државното првенство во хронометар, што се одржа во петокот, Симеон Јованоски го освои второто место, а Хади Исмаилоски третото место.

Вчера, сабота, членовите на „Шампион Систем“ учествуваа на Државното првенство во во друмски велосипедизам, на кој Симеон Јованоски го освои второто место, а Марко Шаврески беше трет.

OhridNwews