На 61-виот државен натпревар во воздухопловно моделарство кој викендов се одржа на спртскиот аеродром „Мало Коњари“ во Прилеп, охридските аеро моделари (јуниори) постигнаа забележителен успех водени од тренерот и поранешниот освојувач на неколку златни медали на државни и меѓународни натпревари Митко Цветановски.

Во категорија Ф-1-Х Михаил Ангелески го освои 3-то место,а помладиот од него Александар Цветановски 4-то место.

Со ова се докажува дека во Охрид се’ уште има ентузијасти кои го сакаат овој спорт и не само што го сакаат туку освојуваат и медали.

-Во оваа прилика ги повикуваме “градските татковци”да посветат поголемо внимание на оваа област затоа што засега натпреварувачите се финансираат самостојно, бидејќи охридскиот аеро моделарски клуб, за жал, веќе одамна не функционира.-вели Митко Цветановски.


Тој најавува дека на следниот државен натпревар охридските аеро моделари кои настапуваат со сопствени рачно изработени модели, ќе се потрудат да настапат и во класата Ф-1-Б (гумењаци) модели на гумен погон.

OhridNews