На терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје, во периодот од 27 до 30 Септември се одржа Државното првенство на Македонија за мажи и женски и двојки.

Нови државни прваци во конкуренција на двојки се 19-годишниот Стојан Стојановски од охридскиот тениски клуб и неговиот партнер Ѓорѓи Јанкуловски од ТК Југ од Скопје.

Во финалето победија против искусниот Димитар Грабул и младиот Лука Андонов во 3 сета, иако на почетокот на вториот сет губеа со 6:1 и 2:0. Но, потоа освоија 6 гема во низ со што го зедоа вториот сет, а одлучувачкиот 3. сет го добија со 10:4 во тај-брек.

OhridNews