Викендов во Тетово беше одржано второто коло од екипното првенство на Македонија каде отпатува и охридската екипа на “Алексо Огненовски”.

Од пријавените шестмина боксери настапија четворица и забележаа три победи и еден пораз. Победи извојуваа: Димитар Ѓорески (57 килограми – пионер), Ферит Хоџа (67 килограми – сениор) и Арсим Етеми (86 килограми сениор, додека поразен беше младиот дебитант во рингот Емир Луман (86 килограми- јуниори). Христијан Тодороски и Енис Алиу немаа противници во своите категории.

Во наредниот период на почетокот на месец Јуни, охридските боксери ги очекува настапот на меѓународниот турнир “Мирослав Петровиќ во Куманово.

OhridNews