Охридскиот карате клуб „Кун-су-то“ имаше забележителен настап на Меѓународниот турнир „Гази Баба Опен 2019“ кој се одржа на 13 април во Скопје освојувајќи четири одличја.
Каратистите настапија во ката тимови и се преставија во најдобро светло. Ката тимот до 9 години и помлади составен од Анастасија Смилевска, Козма и Дајман Митревски освои златен медал, Матеа Грозданоска во ката женски родени 2010 заврши на првата позиција, додека Тамара Ѓурчиноска освои две бронзени одличја во различни дисциплини.
Успесите на турнирот во Скопје се добар показател за правилната работа на клубот и формата на каратистите пред следните предизвици кои престојат.
OhridNews