Охриѓанецот Александар Јованоски имаше забележителен настап на Светското првенство во теквондо за јуниори и ветерани кое се одржа од 5 до 11 септември во италијанскиот град Андриа.
Јованоски беше единствен македонски учесник на собирот на најдобрите 1 600 теквондисти од светот и под палка на тренерот Марјанчо Лазарески постигна резултати во висина на очекувањата.
Охридскиот теквондист се натпреваруваше во две дисциплини, форми за црн појас I дан, и спаринг(борби) -69 кг јуниори 16-17 години.
Во дисциплината форми Александар беше елиминиран од претставникот на Северна Кореја од каде и потекнува овој спорт, а воедно и актуелен светски шампион во оваа дисциплина.
Додека во спаринг(борби) Александар во конкуренција на 37 натпреварувачи во својата категорија се избори да влезе во 1/8 финалето со што го порази претсатвникот на САД кој и покрај големата подршка на судиите не успеа да го порази нашиот претставник.
– Победувајќи еден од америчките фаворити за висок пласман Јованоски направи неверојатен подвиг. Јас сум презадоволен од настапот, желбата и се остана на Јованоски на Мундијалот во Италија. Во него се познава големиот потенцијал и само со напорна работа ќе стигне до местата на пиедесталот. – рече Марјанчо Лазарески.
OhridNews