Фармацевтската компанија Модерна објави дека во вториот дел од последната фаза на тестирање, им ја дала првата доза на вакцината на кандидатите кои припаѓаат на возрасна група помеѓу 12 и 18 години.

Тестирањето меѓу адолесцентите значително помага да се обезбеди сигурност и ефикасност на вакцината кај помладата популација. Тестирањето се спроведува во соработка со Биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од американското Министерство за здравство.

Модерна планира да тестира 3.000 адолесценти во САД со две дози во период од 28 дена.

Американската управа за храна и лекови (ФДА), која би требало да ја одобри употребата на вакцината на Фајзер, објави извештај за големо клиничко истражување спроведено на 44.000 луѓе од САД, Бразил и Аргентина.

Во извештајот на сто страници се наведува дека вакцината е делотворна независно од возраста, расата и телесната маса, а едниствено што се уште не е познато, е тоа колку трае заштитата, што ја нагласува потребата за втора доза.

Претходните студии покажаа дека втората доза на вакцината на Фајзер и Бионтек долгорочно го поттикнуваат имунолошкиот систем.

Во истражувањето не се откриени потешки нуспојави, но голем број испитаници се пожалија на зголемена температура, главоболка, замор, болка во мускулите и зглобовите, како и реакција на местото каде што ја примиле вакцината.

Во студијата се истакнува и дека голем број испитаници не се чувствувале добро првите неколку часа откако ја примиле втората доза од вакцината. Во Велика Британија, пак, регистрирани се нуспојави на кај две медицински лица кои претходно пателе од алергии, поради што на лицата со алергии не им се препорачува да се вакцинираат, додека дополнително не се истражат последиците што вакцината може да ги има врз нивното здравје.

За време на истражувањето не е откриено дали вакцината пружа заштита од трансмисија на вирусот врз други лица, ниту како дејствува на одредени високоризични групи луѓе како деца помлади од 16 години, бремени жени и имунокомпромитирани лица.

ФДА соопшти дека и да ја одобри вакцината ќе продолжат истражувањата.

Гутереш апелира да се зголеми финансирањето на Ковакс

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека „национализмот за вакцинација“ е во полн ек, оставајќи ги сиромашните луѓе ширум светот само да ги гледаат подготовките за вакцинација против коронавирусот во богатите земји и да се прашуваат дали и кога ќе бидат вакцинирани.

Шефот на ОН го повтори својот повик на вакцините да се гледа како на „глобално јавно добро“, достапно за сите, насекаде на планетата, особено во Африка.

Тој повика во наредните месеци да се инвестираат уште 4,2 милијарди американски долари во програмата Ковакс на Светската здравствена организација за помош во купување и дистрибуција на вакцина против Ковид-19, за да им се помогне на најсиромашните луѓе во светот

Во најбогатите земји, обезбедени се дози доволно трипати да се имунизира нивното население, а во 67 посиромашни земји, само еден од десет лица може да се надева дека ќе биде вакциниран до крајот на следната година, според Амнести Интернешнл и Оксфам, јави Си-Ен-Ен.

Никој не смее да биде спречен да добие вакцина за спасување живот поради земјата во која живее или поради сумата пари во џебовите, рече Ана Марот, одговорна за здравствената политика во „Оксфам“.

Тие предупредуваат дека земјите што претставуваат само 14 отсто од светската популација имаат повеќе од половина од најнадежните вакцини. Организациите исто така ги повикуваат фармацевтските компании да ја споделат својата технологија и интелектуална сопственост со Светската здравствена организација и да ги повикаат владите на богатите земји да се посветат на испраќање вакцини во земјите во развој.

Гејтс донира уште 250 милиони долари за вакцината против Ковид-19

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и попристапна вакцина за Ковид-19.

Поединечлната најголема донација досега доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.

Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да направат тестови, лекови и вакцини достапни за оние на кои им се потребни, наведе фондацијата.

Парите ќе послужат вакцините и тестовите да се испорачуваат и во средно развиени земји.

OhridNews