“БИДИ ХУМАН, БИДИ ЦРВЕНО – БЕЛ” е мотото под кое Црвен крст Охрид денеска во дискотека “Парк”во Охрид со почеток во 21 часот организира голема хуманитарна забава.

Облечени во црвено бела облека или црвено бели детали на себе, со музика за сите вкусови, заедно ќе можат да се забавуваат и помладите и повозрасните генерации. 

Влезницата чини 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.

Оваа најголема хуманитарна организација организира и наградна игра во која ќе учествуваат сите влезници, а главната награда е седумдневно зимување на Копаоник, Србија.

Ohridnews