Светската здравствена организација соопшти дека вирусот А (H1N1) се шири побавно отколку што се мислеше, пред се благодарение на мерките кои се спроведени, но исто така предупредува дека масовното заболување сепак ќе се случи доста брзо.

Први случаи на заболување се регистрирани во Италија, Ирска, и Костарика, со што бројот на државите во кои вирусот е присутен се искачи на 18.

Најголем број инфицирани од вирусот има во Мексико и САД, а во Европа најпогодоне е Шпанија каде се регистрирани 40 лица заболени од новиот грип.

Во Македонија како што информираа надлежните институции не е регистриран ниту еден случај на заболен од вирусот А (H1N1).

Ohridnews