„Забавен тест“ за предучилишна возраст со награда, плус стипендија организира училиштето Јахја Кемал во Струга.
Целта е да се придонесе во образованието на учениците кандидати за основно образование и да се зголеми нивната мотивација. Ги очекуваме сите кандидати за основно образование на овој конкурс, кој сметаме дека позитивно ќе се одрази на образовниот живот на учесниците, велат од училиштето.
Право на пријавување, велат, имаат сите деца со датум на раѓање од 01.01.2016-31.01.2017 год, а пријавувањето е најкасно до 12.05.2022.
Тестирањето ќе се одржи 14 мај во 10.00 часот во Јахја Кемал – Струга и ќе трае еден час. Децата треба да бидат присутни 15 мин пред тестот, додаваат од училиштето.
Линк за Пријавување
https://forms.gle/u2cdm3atcwUkMnmF9
Пример задачи:
https://docs.google.com/document/d/1Q_hrcgsuJcH95s-ggIMfYZhqA-OHkCPK/edit?usp=sharing&ouid=100948329417509981115&rtpof=true&sd=true
Ohridnews