Новогодишната забава за свечениот дочек на Новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec.

Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5. Во 21:00 часот ќе започне настапот на миленикот на младата публика Пајак. Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески. Во 23:30 е резервиран настапот на македонската поп дива Каролина Гочева. Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со DJ Face, информираат од Општина Охрид.

Забавата ќе продлжи и на 1-ви јануари каде е предвидена дневна забава со почеток од 13 часот за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Ден пред дочекот на Новата година, на 30-ти декември во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.

OhridNews