По незаборавната прослава на новата година и одличните денски и ноќни журки, забавата во „Кадмо“ со одлична и одбрана музика, во која секојдневно уживаат голем број посетители, продолжува со несмален интензитет и во наредните денови.

Нова тура среќни моменти и квалитетна забава следува вечерва, 2 јануари, кога во „Кадмо“ настапува триото „Balkan jam“.

Забавата на 3 јануари продолжува со „Bettys Boobs“, а на 4 јануари настапуваат High4. На 5 јануари, сабота, повторна дружба со триото „Balkan Jam“, а кулминацијата на новогодишната забава во „Кадмо“ ќе се случи на Бадник, 6 јануари (недела), која е резервирана за одличните музички шоумени „Броз“.

Во меѓувреме не пропуштајте ги денеските забави во „Кадмо“ за кои се бара маса повеќе.

OhridNews