Забавата претстојниот викенд во Охрид, ќе биде во знак на Денот на жената. Квалитетни свирки во живо, настапи на диџеи и бројни осмомартовски изненанадувања ги очекуваат посетителите во охридските кафулиња, клубови и ресторани.
Викенд забавата во Во „Куба Либре“, почнува верчерва, 6 март, со настап на диџеј Гец.
Забавата почнува во 22 часот.
Во „Скај Корнер“, на 6 март, петок, настапува бендот „Камелеон“.
Забавата почнува во 22 часот.
За 8-ми Март, хотелот „Гарден“ подготви богатата дводневна програма со атрактивно мени по исклучително поволна цена. За забавата ќе се погрижи извонредната група „Персиди“, која ќе настапи во сабота 7 март и недела 8 март. Забавата почнува во сабота вечер во 20 часот, а во недела таа ќе почне во 14 часот, а ќе продолжи во вечерните часови.
Резервации на телефонот: 046/ 260-261.
Во сабота, 7 март, во „Аквариус“ ќе настапи популарниот бенд „Броз“.
Забавата почнува во 22 часот.
Оваа сабота, 7 март, за забавата во „Куба Либре“, ќе се погрижи Ѓоко Танески, со неговиот бенд.
Забавата почнува во 22 часот.
За празникот на жената, Ресторан „Чун“ ги изненадува посетителите. Во недела, 8 Март, целото мени во „Чун“ е на попуст од 20%! За уживањето да биде комплетно ќе се погрижи музика во живо, информираат од ресторанот со уникатен поглед на Охридското Езеро.
Информации и резервации: 071 355 773.
И оваа година Денот на жената 8-ми март, прославете го во прекрасниот амбиент на рестораните „Тино“ и „Тино Свети Стефан“, со жива музика и вкусна храна и атрактивни менија од 500 до 700 денари.
Резервации може да се направат на следните телефонски броеви: 046/ 209 340 и 071/352 706.
За празникот на жената, 8 Март, во „Скај Корнер“ забава со Ѓоко Танески“.
Празничната забава почнува во 21 часот.
За настаните од забаватa и културата редовно информирајте се низ содржините на нашиот портал.
OhridNews