Утре во Кадмо Бар ќе се одржи забава како најава за големиот јубилеј – 35 години НГ Рибари Охрид.
Упатуваме повик до сите генерации на НГ Рибари Охрид, а воедно и до сите Охриѓани, да дојдат на оваа незаборавна забава. Понесете со себе многу позитивна енергија, велат од НГ Рибари.
За забавата која започнува во 21 часот ќе се погрижи групата “Броз”, а влезот ќе изнесува симболични 200 денари.
Сите средства ќе бидат наменети за големата прослава, која официјално ја најавуваме на 16-ти ноември, информираат од НГ Рибари.
OhridNews