Во петок на 6 септември, навивачката група „Рибари“ со забава во кафе барот „Шила“, официјално ќе ги започне подготовките за прославата на 30-от роденден. Навивачката група која моментално е најдобра во македонската тифо сцена оформена е во 1989 година и од тогаш до ден денес е неизбежен декор на трибините во Охрид и нашата земја.

  • Ние како навивачка група „Рибари“, ги повикуваме сите наши членови и сите генерации и охриѓани да присуствуваат на нашата забава. Да бидат сведоци на бајката што ќе трае во наредниот период под името 30 години со Срце за Охрид! – стои во соопштениет од навивачката група.

Картата за влез ќе чини 100 денари а сите собрани средства ќе бидат наменети за навивачката група и организацијата за големата прослава. За атмосферата во Шила ќе се погрижи популарниот бенд Броз.

OhridNews