Викендов, во Охрид ќе се одржат многубројни настани со забавен карактер, а понуда има секаква и за сите. Во фокусот, викендов се концертите на виртуозот со гитара Al Di Meola и на планетарно популарниот бенд „The Prodigy“ во рамките од фестивалот „Ohrid Calling 2016“.

Al Di Meola на 13 август настап ќе има Античкиот театар додека „The Prodigy“ ден потоа ќе го наполни спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.


Вечерва, богата забава има низ охридските локали кои работат со полн интензитет.

Петок и сабота во Cuba Libre beach@bar има забава со професионални танчерки, а в недела на програмата е рок групата Shine во која членува охриѓанецот Дамјан Пејчиноски.


Во интернационалниот ресторан „Опера“ на Кеј „Македонија“ oвој петок и сабота гостите ќе може да уживаат во македонска староградска музика. Сето тоа ќе биде надополнето со прекрасен амбиент, ексклузивен избор на храна и пијалаци и одлична услуга.

Во дискотеката Парк за забавата на 12, 13 и 14 август ќе се погрижат охридските диџеи Face и Гец.


Во клубот Еспана секоја вечер на програмата се Бумбари Бенд заедно со Пантелија и Ирена Вељаноска. Почеток на забавата е во 22 часот, а трае до 5 часот наутро.


За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews