Продолжува серијата на одлични журки кои ги организира промотерската куќа “GLOBAL SPIRIT”. За овој четврток 26.07.07 тие најавуваат уште една незаборавна забава  во дискотеката ПАРК во Охрид со еден од најпознатите женски DJ-и во светот “DJ Ladida” од Чешка.

Занимавањето со музика е најважен аспект во нејзиниот живот уште од нејзиното детство. Трите години музичка школа оставиле белег на нејзината кариера. Помеѓу 16-та и 19-та година работела како респектиран меѓународен фотомодел а 1995  се запознава со фронтменот  на “Delirium Records” од Цирих кој и помага да ја открие својата длабока љубов кон електронската музика. Во тоа време се отвара и првиот техно клуб во Прага а Linda Stepnickova сама кажува дека во тој момент се нашла на право место во право време. FX клубот ја именува како “Прва дама позади грамофони со неверојатна харизма”.

Во самиот почеток имала среќа и задоволство да настапува со истакнати великани на електронската музика како што се:J eff Mills, Carl Cox, Westbam, Laurent Garnier, DJ Hell …, заблагодарувајќи им за тоа што многу брзо напредувала во техничка и музичка смисла. Развила свој стил презентирајќи многу динамичен електронски звук со полно перкусиони елементи. Резидент е во култниот клуб “Roxy” во Прага каде нејзините вечери се наречени “Electra” во кои многу често и гостуваат нејзините пријатели и звезди како: Miss Kittin, DJ Hell, Frank Muller ili “Electric Indigo”.

Покрај Roxy моментално таа е  резидент и во најпопуларниот Чешки клуб “Karlowy Lazne” исто така во Прага.

Журката ќе започне околу полноќ и ќе трае до раните утрински часови. Атмосферата ќе ја загреваат DJ Igorr-Global  Spirit  и   DJ  YuXeLL .

Bе  очекуваме.