Познатиот диџеј и перкусиунист Никола Тони, на 5-ти јули, среда, настапува на терасата на хотелот „Филип“.
Забавата започнува во 14 часот.
Влезот е слободен.
Никола Тони е познат македонски тапанар, музички селектор, Ди Џеј и уметник. Роден во Охрид град кој потекнува со духовност и култура. Со неполни 20 годишна кариера станува член на групата Дамар, каде тропа тапани. Првиот албум го издава со групата Вентолин кој го носи по името на групата. Никола Тони нуди можности на музички развиток, како и достигнување на креативен начин на живот. Од 2001 неговото интересирање се проширува како музички селектор каде е познат под името Prle Оn Way. Работи со најдобрите aндергроунд кругови низ цела Македонија. Никола Тони почнува се повеќе да се интересира и до 2005 година каде го усовршува својот звук кон xаус музиката која почнува да ја пушта по македонските клубови , со што покасно ги вметнyва и своите тапани каде на публиката им го пружи својот Live Performance, по што станува познат околу своeто опкружување. Во 2012 заедно со шпанскиот продуцент Dany Cohiba ја снима песната Lose Control а ја издава издавачката куќа Carlo Cavalli Music Group, има соработа и со многу други издавачки куќи како Lotus Flowers Publishing,Urban Vibes Records,Matt Music,Rack Records Music, Digital Room Records,Bembe Recordings,2Seconds Records.
OhridNews